Страотен случај во Босна: Момче го убило пријателот, го сечел телото за да го сокрие во куфер

Од:

Брутално убиство се случи вчера во Високо во централна Босна кога момче го убило својот пријател по што според неофицијалните информации се обидел да го исече телото и да го сокрие во куфер.

Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон потврдиле за „Аваз„ дека вчера во 18 часот и 35 минути во Полициската станица Високо влегло лице со иницијали И.М. и пријавило дека лице со иницијали Б.Д. (2001) од Високо признало дека во својот стан го убил П.Е. (2001).

„Пронајдено е безживотно тело. Увидот на местото на злосторството е извршен во текот на ноќта под надлежност на дежурниот обвинител“, соопштено е. Убиецот е уапсен.

Првичните информации говорат дека младиот човек ја убил жртвата, а потоа ја исекол на парчиња во обид да го скрие телото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за „снајпер туристите“ во Сараево: Носеле пушки како да одат на лов

ВИДЕО: Богати Италијанци плаќале за да пукаат во цивили во Сараево за време на опсадата

Кос: БиХ ќе се ослободи од странците кога ќе влезе во ЕУ

Горан Наумовски

Се апсат ловци на педофили: Голема полициска акција во Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Тензично во Сараево по неуспешниот обид за апсање на Милорад Додик

Судот на БиХ побара распишување меѓународна потерница за Додик

Катерина Ѓуровски