Странски медиуми за изборите во Црна Гора: Тежок удар за Ѓукановиќ

Од:

Во првите реакции на резултатите од парламентарните избори во Црна Гора, Ројтерс оцени дека изборниот резултат е тежок удар за Демократската партија на социјалистите (ДПС), која е на власт три децении, како и за самиот Мило Ѓукановиќ, кој владее со Црна Гора уште од распадот на поранешна Југославија.

Би Би Си наведува дека прозападната владејачка ДПС, чиј претседател е шефот на државата Ѓукановиќ, тешко ќе може да формира влада, додека Ројтерс и Асошиејтед Прес посочуваат дека просрпската и проруската опозициска коалиција прогласиле победа.

Цитирајќи ги прелиминарните податоци од Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), АП наведува дека, иако ДПС освои малку повеќе гласови, опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора“ има поголем потенцијал да формира владејачка коалиција со другите учесници во изборите.

Доколку Влада не биде формирана од ДПС – која, според Би Би Си, никогаш не загубила на изборите и која го забележа најслабиот резултат досега на вчерашниот ден – тоа може да доведе до прв случај на трансфер на власта во Црна Гора преку избори.

Цитирајќи ги зборовите на Здравко Кривокапиќ – носител на изборната листа на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ – кој, прогласувајќи изборна победа, синоќа рече дека „режимот падна“, Ројтерс посочува дека про-српската влада би можела да ја доближи Црна Гора до Србија и Русија. Сепак, агенцијата потенцира дека ниту во тој случај, не се очекува Црна Гора да се повлече од НАТО или да се откаже од кандидатурата за пристапување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала