Столтенберг: Разочарани сме што не е решен спорот, КФОР и НАТО остануваат внимателни

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска разговараше со високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел.

-Разочарани сме што не беше можно да се реши спорот за регистарските таблички. Сега е време за одговорност и прагматични решенија. Ескалацијата мора да се избегне, напиша Столтенберг на Твитер.

Денеска во Брисел се одржа трилатерална средба меѓу премиерот на Косово, Албин Курти, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Борел.

Премиерот Курти го отфрли предлогот на ЕУ за регистерските таблички, а Србија, пак, го прифати.

Предлогот на ЕУ беше Косово да не ја започне фазата на казнување, додека Србија повеќе да не издава КМ таблички.

Курти по средбите изјави дека Борел се откажал од предлогот на ЕУ за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што од портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано беше демантирано.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по враќањето од Брисел и неуспехот од разговорите, во обраќање до нацијата вечерва изјави дека врз основа на разузнавачките податоци ситуацијата на северот од Косово е на работ на конфликт и додаде дека неговото бара ње до Србите на Косово е да се обидат да го зачуваат мирот, за што вечерва закажа состанок со нив, но и со со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и со началникот на Генералштабот Милан Мојсиловиќ.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во руската област Курск е легитимен

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски