Столтенберг: НАТО е гарант на мирот и безбедноста на Западен Балкан

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Брисел го претстави годишниот извештај на Северноатлантската алијанса за 2016 година, при што се освна и на случувањата на Западниот Балкан, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според Столтенберг, како доказ дека НАТО е посветен на земјите во овој регион е поддршката на нивна евроатлантска интеграција, што го покажува случајот со Црна Гора која наскоро ќе стане 29. членка на Алијансата.

– НАТО помогна да се зачува мирот на Западниот Балкан повеќе од 20 години и тоа ќе продолжи да го прави. НАТО е гарант на мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е важно за нашата безбедност. Ние продолжуваме со поддршката на евроатлантската интеграција на Западниот Балкан, бидејќи тоа е клуч за стабилноста и проспертитетот во регионот и пошироко. Во 2016 година ја отворивме вратата за Црна Гора да стане член на Алијансата и досега, 25 членки го потпишаа пристапниот протокол за Црна Гора да стане 29. членка на НАТО, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО посочи дека оваа најголема воено-политичка организација на светот штити близу милијарда луѓе и дека по Студената војна, Алијансата сега се соочува со најголеми предизвици по безбедноста.

Столтенберг посочи дека безбедноста не е само она што се прави дома, туку и тоа што НАТО прави надвор од своите граници.

– НАТО проектира стабилност на различни начини и придонесува во борбата против тероризмот, во која сме повеќе од 15 години. Ние имаме 30 илјади трупи во Авганистан, како дел од мисијата за пбука на авганистанските сили, каде сме вкупно 39 земји, дел членки на НАТО, а другите партнери на Алијансата. Ние сакаме соседството да ни биде постабилно и очекуваме тоа да биде важен фокус кога лидерите на НАТО ќе се сретнат во Брисел во мај, истакна Столтенберг.

Според генералниот секретар на Алијансата, на самитот на НАТО во Варшава е потврдена посветеноста за поголемо и подобро инвестирање во одбрата, со цел да се дојде до посакуваната цел од два проценти трошок за одбрана од Бруто домашниот производ (БДП).

Столтенберг истакна дека во 2015 гогдина се запрени кратењата во трошоците за одбрана на земјите членки, при што кај 15 од нив тие се и зголемени. Во 2016 година, 23 членки на НАТО ги зголемиле трошоците за одбрана за 3,8 проценти, односно за десет милијарди американски долари.

– Во 2016 година, пет членки трошеа два проценти и повеќе од БДП на одбрана. Реално е сите членки да ја постигнат оваа цел, а сите се согласија да го сторат тоа и мислам дека можат. Всушност, европските сили заедно трошат два проценти од БДП од 2000 година, при што Романија планира годинава да достигне два проценти од БДП, а Летонија и Литванија го очекуваат тоа во 2018 година. Фер делбата не е само за повеќе трошење, туку и за подобро трошење, додаде Столтенберг,

Генералниот секретар на НАТО ја коментираше и заострената ситуација меѓу двете членки на НАТО, Турција и Холандија, истакнувајќи дека робусната дебата е во срцето на демократијата на Алијансата, но порача дека тоа е и заедничката почит.

– Затоа ги охрабрувам сите членки да покажат заедничка почит, да бидат мирни и да имаат мирен пристап за деескалација на тензиите и ситуацијата. Мислам дека е важно сега да се фокусираме на се што не обединува, заедничките предизвици и закани и да не се фокусираме на прашања што не делат. Важно е што имаме дијалог и треба да се поддржуваме едни со други. Присуството на НАТО во Турција е добро за Турција, но и за Европа и за другите од Алијансата, поради насилството во Сирија и Ирак, беше дециден Столтенберг.

Во неговата оценка на состојбата во светот, Столтенбергп осочи дека последните години има зголемени тензии и нова безбедносна околина околу НАТО. Тој како пример ги посочи превирањата и насилството на теорирстичката ИД, која контролира голем дел од териториите на Сирија и Ирак. Тој го посочи и „наметливото“ делување на Русија со анектирањето на Крим и дестабилизирањето на Источна Укрина.

– ИД е терористичка и брутална организација што е одговорна за терористички напади и бруталност каква не сме виделе претходно. Русија е сосед и сакаме конструктивни односи со неа, па во тој поглед го поздравуваме фактот што го реактивиравме политичкиот дијалог со Русија во 2016 година, преку состаноци на Советот НАТО – Русија, додаде Столтенберг.

Во однос на иницијативите за поголема соработка на земјите на ЕУ во областа на безбедноста, Столтенберг истакна дека за Алијансата е важно да се знае дека нема контрадикторност од силен НАТО и силна европска одбрана. Тоа, рече тој, оди заедно, бидејќи 22 од членките на ЕУ во исто време се и членки на НАТО и дека повеќе од 90 проценти од луѓето што живеат во Унијата, живеат и во членки на НАТО.

На крајот на денешната прес-конфертенција во Брисел, Столтенберг посочи дека средбата на врвот на НАТО закажана за крајот на мај оваа година нема да биде класичен Самит, туку дека е во план пуштање во употреба на новото седиште на Алијансата во Брисел, чија изградба ги чинеше земјите членки повеќе од милијарда евра.

На оваа церемонија, се очекува присуство на новиот американски претседател Доналд Трамп и на новиот француски претседател, кој дотогаш се очекува да бдие избран.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било