По масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во кој беа убиени осум ученици и членот на обезбедувањето, направени се детални анализи кои ќе помогнат во утврдувањето на околностите под кои е извршен масакрот.
На 13-годишното момче синоќа му бил извршен токсиколошки тест во ВМА за да се утврди дали е под дејство на психоактивни супстанци.
Резултатите од токсиколошкиот тест биле негативни, а констатирано е дека момчето било свесно за време на крвавиот поход, потврдија за EURACTIV Србија.
Момчето е на невропсихијатрија каде што добил стручна помош.