САД силно го поддржуваат продолжувањето на напорите на Западен Балкан за продлабочување и сеопфатно зајакнување на регионалната економска интеграција, во согласност со правилата и стандардите на ЕУ, изјавил портпарол на Стејт департментот за Топ чанел.
На прашањето за ставот на САД кон иницијативата „Отворен Балкан“, прифатена од Албанија, Србија и Северна Македонија, а на која со скептицизам гледаат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, портпаролот рекол дека САД ги охрабруваат лидерите во регионот „да се обидат да најдат можности за намалување на трговските бариери, зголемување на економската конкурентност и изградба на интегрирани, динамични економии во служба на своите граѓани“.
Американската Влада во својот одговор за Топ -каналот конкретно ја нагласува важноста на четирите принципи врз кои е изграден „Отворен Балкан“ што го промовира албанскиот и македонскиот премиер Еди Рама и Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Создавањето „Common Regional Market“ еден заеднички регионален пазар што гарантира слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги е од суштинско значење за привлекување инвестиции и економски раст.
-Западен Балкан е регион со голем неискористен потенцијал, што се рефлектира во визијата и напорите на неговите народи да создадат просперитетен и успешен регион, целосно интегриран во Европската унија, стои во одговорот на портпаролот на Стејт депарментот за Топ чанел.
Претходно, како што изјави албанскиот премиерот Еди Рама, германската влада ја поддржала иницијативата „Отворен Балкан“ и побарала итно потпишување на договорите за заеднички регионален пазар пред Самитот ЕУ-Балкан на 6 октомври.