Стефановиќ: Разбиен нарко-картел, уапсени 30 лица

Од:

Во заедничката акција на српската и германска полиција разбиен е меѓународен нарко-картел, соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Тој, на вонредната прес-конференција за новинари, истакна дека со тоа апсење е зададен голем удар на наркокартелите, затоа што се запленети 303 килограми кокаин, 96 килограми канабис, 106 килограми хашиш и седум лаборатории за канабис во Србија и Германија, пренесува Танјуг.

– Вредноста на тие наркотици на уличните пазари се проценува на околу 20 милиони евра, а во текот на акцијата запленети се поголема сума на пари и оружје, рече Стефановиќ.

Лидерот на навивачите на еден од фудбласките клубови од Белград Ј.Ј. (33) и уште 29 лица се уапсени, додека за три лица се трага во големата акција на германската и српската полиција во борба против производство и трговија на наркотици.

Тие се товарат дека се занимавале со организација и промет на наркотици.

Стефановиќ истакна дека истрагата траела 13 месеци и дека акцијата на апсење е одличен пример на прекуграничката сорботка внатре во Европа и борба против прекуграничнииот организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград