Стефан Воденичаров нов бугарски министер за образование

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов за нов министер за образование, млади и наука на Бугарија ќе го предложи претседателот на Бугарската акаедмија на науките (БАН), Стефан Воденичаров. соопшти денеска прес-службата на Владата во Софија.

– Професорот Воденичаров неспорно е добар научник и не случајно е избран за претседател на БАН. Убеден сум дека оваа кандидатура ќе продонесе за развојот на научната дејност и за зацврстување на блиската соработка меѓу Академијата и Министерството, изјави Борисов пред денешната седница на бугарската Влада.

Воденичаров ќе го населди Сергеј Игнатов кој во понеделникот поднесе оставка на функцијата министер за образование, млади и наука, поради скандалот околу наводната злоупотреба на средства од државниот фонд за истражување. Игнатов ја поднесе оставката на барање на премиерот Борисов.

Владата побара истрага за овој случај, откако научници се пожалија на распространетата корупција во државниот фонд и на злоупотребата на парите наменети за истражувачките и развојните проекти.

Откриени се 60 случаи на финансиска нерегуларност. Поради овој сканад во понеделникот оставка поднесе и директорот на Фондот, Христо Петров.

Научниот фонд во 2012 година имаше буџет од 23,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија