Стравична случка ја потресе Србија каде синот со денови се хранел од мртвото тело на својот татко во нивниот дом во Белград. 39 годишниот син кој бил со психички оболувања и останал сам до мртвото тело на својот татко Александар неколку дена, на полицијата и соопштил дека немал што да јаде и дека бил многу гладен. Тој веднаш е однесен во болница, откако има сомнежи дека со денови го јадел месото од мртвиот татко Александар, кој веројатно умрел од природна смрт. Овој хорор е откриен во петокот кога соседите почуствувале неподнослива миризба од вториот кат на зградата.
„Соседите ги поврзеле нештата откако Александар не го виделе со денови. Повикале полиција и кога ја скршиле вратата од станот сите останеале без зборови. Телото во одмината фаза на распаѓање било на креветот, а синот кој инаку бил со психички заболувања, го нашле сокриен зад мебелот. Полицијата се обидела да контактира со него но тој само бил во состојба да каже како се вика и постојано повторувал „со денови ништо не сум јадел, немав што да јадам“, соопшти полицијата.
Се претпоставува дека тој во налет на болеста и глад, земал делови од телото на мртвиот татко и така го јадел. Очевидците и станарите од оваа зграда велат дека слушнале приказни дека на телото на покојниот татко имало траги од заби. Тој бил психички болен, и ако го јадел сопствениот татко тој не бил свесен за тоа. Тие сметаат дека тој не бил нити свесен како да излезе од станот.
-Слушнавме како ги јаде деловите од телото, сведочи еден од станарите.
-Тоа семејство живееше во исклучително лоши услови, не обрнувавме внимание, бидејќи секогаш од нивниот стан се чувствуваше смрдеа, и тие не можеа да се пофалат со некоја хигиена, вели една од сосетките.
Според соседите синот излегувал надвор од станот само три пати годишно.
-Тој излегуваше надвор три пати годишно. Тие изгледаа навистина морбидно. Синот имаше долга коса и брада, а ноктите му беа долги цели 15 сантиметри. Погледнуваше низ прозорецот, држејќи се со рацете на ивицата. Се обраќавме на надлежните повеќе пати и молевме да им помогнат, велат соседите.
Тие сведочат дека Александар често јадел пред зградата, сокриен во паркот а тие се прашувале дали воопшто му давал да јаде и на синот. Тие не се бањале, а во тоа семејство имало и насилство, раскажуваат соседите“.