Стано: Борбата против организираниот криминал е клучна за Западниот Балкан

Од:

Европската комисија ги поздравува санкциите на САД поврзани за организираниот криминал на Западен Балкан, изјави попладнево портпаролот за надворешна политика, Петер Стано.

Тој го коментираше твитот на шефот на ЕУ дипломатијата објавен утрово во кој Јосеп Борел ја поздравува одлуката на САД да изрече санкции против 16 лица и 24 ентитети вмешани во организиран криминал во Европа и западната хемисфера.

-Означувањето од страна на САД е важен чекор во борбата против организиран криминал на Западен Балкан, отплеткувањето на транснационалните криминални мрежи придонесува кон безбедност, стабилност и подобрување на владеењето на правото во целиот регион, напиша Борел на Твитер.

Европската Комисија стои зад овој твит, рече Петер Стано, и додаде дека таа е посветена да соработува со партнерите во регионот за да се доведе до стандардите на ЕУ.

-Борбата против организираниот криминал е строг услов за владеењето на правото и приближувањето кон ЕУ, погенерално ги следиме парите што им ги даваме на партнерите и начинот на кој тие се борат против организираниот криминал и корупцијата, ова е нешто што го сфаќаме многу сериозно, изјави Стано.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан