Српското МВР покрена истрага: Под лупа и стрелиштето каде вежбало момчето убиец

Од:

Вишото јавно обвинителство во Белград ја истражува и одговорноста на стрелиштето каде вежбале пукање, 48-годишниот В.К. и неговиот 13-годишен син Коста, кој уби 9 соученици и чуварот во училиште во Белград.

Во обвинителството е потврдено дека Обвинителството во Белград направило посебен случај со цел да ги утврди сите околности поврзани со работата и делувањето на стрелачкиот клуб „Партизан“ и дало наредба до полицијата да ги собере потребните информации.

Како што е познато, се утврдува дали со некој внатрешен акт се пропишани условите за користење на услугите на овој стрелачки клуб, дали е дозволен или забранет пристап до малолетници и деца и друго. Исто така, побарано е да се утврди дали В.К. е еден од корисниците на стрелачкиот клуб „Партизан“, дали тој и неговиот син се обучени за ракување со огнено оружје, дали В.К си носел сопствено огнено оружје за пукање и кое, како и дали неговиот синот исто така го употребил тоа оружје во стрелиштето.

Исто така, потребно е да се утврди колку пати В.К и неговиот син ги користеле услугите на стрелиштето, дали споменатото момче доаѓало сам или во придружба на неговите родители, дали се занимавале со стрелачки спортови и дали имале обврска да достават лекарско уверение за користење на услугите стрелиштето рекреативно или во вид на спорт.

Исто така, потребно е да се утврди дали стрелачкиот клуб „Партизан“ е дел од Стрелачкиот сојуз на Србија, а доколку е, тогаш претставникот на Сојузот треба да ги изнесе сите околности што му се познати во врска со работата на ова стрелачкиот клуб, како и работата на стрелачки клубови на територијата на Република Србија.

Здружението треба да се изјасни и дали има документи со кои се утврдуваат посебни обврски и ограничувања на постапувањето на клубовите и членовите на сојузот во рамките на работата и давањето услуги. Беше побарано, меѓу другото, да се утврди за кој тип, марка, модел, калибар и сериски број на огнено оружје на В.К. му е дадено одобрение од надлежниот орган.

Се проверува и која здравствена установа му издала на В.К. потврда за здравствена способност за набавување и држење оружје, дали има обврска за обновување на тоа одобрение, како и на кој начин надлежниот орган оценил исполнување на сите услови предвидени со Законот за оружје и муниција при издавање на одобрението за набавување и поседување огнено оружје.

Високото јавно обвинителство во Белград веќе води истрага против В.К.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата