Српското МВР досега евакуираше 25.070 лица

Од:

На територијата  на Република Србија од загрозените подрачја досега се евакуирани 25.070 лица, од кои од подрачјето  на Обреновац 7.800, каде ситуацијата е најтешка, соопшти изутринава Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека ниту еден објект на термоелектраната Костолац Б не е поплавен, персоналот е во состојба а готовност, а производството засега се одвива без проблеми.

Освен во Обреновац, ситуацијата е особено тешка и во Крупањ, Сремска Рача и Јамен, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува Танјуг.

Од подрачјето на Обреновац се евакуирани околу 7.800 лица, додека низ прифатните центри минале над девет илјади, од кои еден дел од евакуираните по евиденцијата се сместени кај нивни роднини. Евакуацијата и доставата на храна и вода на загрозентие во тој град и натаму се во тек.

Од бегалскиот камп во Стари Костолац се евакуирани околу 150 лица, кои се сместени во спортската сала во Костолац и касарната „Сопот“ во Пожаревац. Во термоелектраната ТЕКО Б Дрмно, во текот на ноќта зајакнат е насипот и состојбата не површинскиот коп на Дрмно е стабилна.

На територијата на Сремска Митровица вкупно се евакуирани 660 лица, а мештаните на Јамен се целосно евакуирани. Реката Сава е во благо опаѓање и водостојот е за пет сантиметри помал во однос на синоќа. Одбранбените насипи засега се стабилни. Исто така одбранбените насипи на Сава, кај Шабац исто така се стабилни.

На територијата на Република Србија без струја се над 26 илјади домаќинства, поплавени се 2.260 објекти, а загрозени се 1.763, се додава во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија