Српските радикали оддржаа протест пред Собранието на Србија во Белград

Од:

И покрај забраната на сите собири членовите и функционерите на опозициската Српска радикална партија (СРС) денеска оддржаа протест пред Собранието на Србија во Белград, изразувајќи го на тој начин незадоволството заради се поизвесното усвојување на платформата за Косово, јави агенцијата Анадолија.

По кратката прошетка, пред неколку стотиците функционери и активисти на СРС потпретседателот на партијара Немања Каровиќ изјави дека СРС го закажала овој протест за да го изрази својот политички став и свеото „несогласување со оваа срамна резолуција што е предложена во Народното собрание на Република Србија“.

Тој кажа дека со оваа резолуција прв пат ќе биде овластена Владата на Република Србија да ги примени сите оние срамни спогодби кои во претходниот период ги критукуваше самиот Томислав Николиќ, кои ги критикуваше и Восилав Коштуница и кои најжестоко ги критикуваше и Српската радикална партија.

Каровиќ ја искористи можноста да објасни дека полицијата синоќа, околу 22 часот, го забранила собирот и оцени дека „ режим кој на своите граѓани им забранува на мирен начин да го изразат својот политички став, е диктаторски“.

Собирот пред српскиот парламент го обезбедува јаки полициски сили.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад