Српските пратеници во косовскиот Парламент нема да гласаат за формирање на косовска армија

Од:

Српските пратеници во косовскиот Парламент нема да учествуваат на седницата на 5 мај, на која ќе се гласа за формирање на косовската армија, соопшти независниот пратеник Миливое Стојановиќ.

Стојановиќ изјави дека ниту една земја од регионот не му се заканува на Косово, а безбедноста на земјата е гарантирана од силите на НАТО -КФОР и мисијата на .Европската унија – ЕУЛЕКС.

Тој го повика премиерот Хашим Тачи од дневниот ред на Парламентот да го повлече владиниот предлог за измени во Уставот и на предлог законот за трансформирање на Силите за безбеднист на Косово во Вооружени сили на Косово.

Пратеникот подвлече дека вооружените сили се скапа инвестиција и затоа многу подобро е Владата парите наменети за армијата да ги употреби за решавање на социјално-економските и другите актуални проблеми во Косово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска