Портпаролот на косовската царина Адриатик Ставилеци денеска потврди дека единаесет цариници, Срби кои работеле на премините Јариње и Брњак, поднесоа оставка, јави српската новининска агенција Бета.
– Единаесет српски членови на косовската царина поднесоа оставки. Тие работеа на Јариње и Брењак. Нивната замена ќе се изврши со цариници од други контролни пунктови, истакна рече Ставилеци.
Оставките на вработените во косовската царина уследија по оставките што претходно ги поднесоа пратениците од Српската листа, четворица градоначалници и советници од Српската листа во општините во северниот дел на Косово, судии и обвинители и административни работници и припадници на косовската полиција од српската заедница.
Оставката беше поради незадоволство од одлуката на Владата на Косово за спроведување на трифазен план за пререгистрација на автомобили со косовски регистерски таблички и по суспензијата на директорот на Регионалната полиција за северот на Косово, Ненад Ѓуриќ.
Специјалните претставници на Германија и Словенија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и Анжеј Франгеш денеска во Косовска Митровица разговараа со лидерите на Српската листа за политичко-безбедносната состојба на Косово. Сарацин и Франгеш разговарале со претседателот и потпретседателот на Српската листа, Горан Ракиќ и Игор Симиќ, неколку дена по напуштањето на Србите од косовските институции. На средбата присуствуваа и амбасадорите на Германија и Словенија во Приштина, Јерн Роде и Минца Бенедејчиќ, објави Српска листа.
Извор: МИА