Српскиот режисер Петар Недељковиќ почина на прес-конференција

Од:

Реномираниот српски филмски и телевизиски режисер Петар Недељковиќ почина ненадејно во неделата на прес-конференција во текот на Белградскиот фестивал на документарен и краткометражен филм (БФДКФ), потврдија организаторите на фестивалот, пренесе Макфакс.

Претходно на режисерот Петар Недељковиќ му се слошило на конференцијата за медиум во Домот на синдикатот, во раните попладневни часови, но починал и покрај интервенцијата на лекарите од итната медицинска служба.

Недељковиќ на годинешниот Белградскиот фестивал на документарен и краткометражен филм (БФДКФ) учествуваше со документарниот фестивал „Ангелот од планината Заглавак“, кој беше прикажан во саботата, но организаторите и публиката ќе му одадат почит и на повторената проекција во неделата навечер пред филмот закажан за главниот термин. Овој филм се занимава со темата на жртвите на руските доброволци во одбраната на Вишеград, во Босна и Херцеговина, во март 1993 година.

Долги години Недељковиќ беше ангажиран во Радио-телевизија Србија, а управата на Фестивалот соопшти дека до крајот на денот, кога и завршува фестивалот, на починатиот режисер ќе му биде одадена почест со минута молк пред секоја проекција. Белградскиот фестивал на документарниот и краткометражниот филм завршува во недела навечер со доделување на наградите.

Би можело да ве интересира

Снег во Србија, блокирани камиони на Златибор

Масовни покани за воени вежби во Србија : Кој не сака, следува казна

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

Нов протест „Србија против насилството“, прв пат говореа пратеници од опозицијата

А1он

ВИДЕО: Инцидент во емисија во живо во Србија, навреди и поливање со вода

Предраг Петровиќ

Во Србија одземена лиценцата на iPay за издавање на електронски пари и платежни услуги