Српскиот премиер најави продажба на железарницата на руска компанија

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ и Министерот за финансии Млаџан Динкиќ најавија за следната недела постигннуавње договор со неименувана руска копманија за нејзино превземање на смедеревската железарница, која се наоѓа во мирување, бидејќи Владата нема средства со кои би го покренала нејзиното производство.  Железарницата во моментов е најголем терет за државниот буџет, па затоа српската Влада настојуваше што побрзо да и најде купувач.

Извори од владата велат дека компанијата, со која е постигнат договор, е подготвена да вложи милион евра во зголемување на производството и во асортиманот, особено во производство на челичен лим наменет за автомобилската индустрија.

На огласот на Владата, само три копмании се јавиле за подигнување на документација, од кои едната UGMK, па се претпоставува дека тоа е компанијата со која е постигнат договор. Владата е спремна железарницата да ја продаде и за еден долар колку што и доби од предходниот сопственик US Steela, со тоа што новиот сопственик наследува долг поголем од 500 милиони евра. За да го компензира долгот во наследство, владата има намера да задржи сопственички дел од најмногу 30 отсто.

Експертите предупредуваат дека од две високи печки, едната се наоѓа во мирување, додека другата е комплетно изгасена и за “оживување“ потребни се најмалу шест месеци.

 

За сето време, додека железарата се наоѓа во мирување, околу 5 илјади работници се на платен одмор, а како надокнада земаат 60 проценти од плата. Во владата пресметале дека тоа ги чини 180 милиони евра, што е помал трошок од финансирање на производството со кои би биле во годишна загуба од најмалку 300 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски