Српскиот обвинител за воени злосторства најавува „нова димензија“ во истрагата за трговијата со органи во Косово

Од:

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ најави дека истрагата за трговијата со човечки органи во Косово се води во неколку земји и дека добива на квалитет.

– Истрага се води во неколку земји. Неа ја води тимот на специјалниот обвинител на ЕУ Џон Клинтон Вилијамсон и таа доби на квалитет и има нова димензија. Соработката со екипите на ЕУЛЕКС за случаите „Медикус“ и „Трговија со органи“ е исклучително добра, истакна Вукчевиќ во интервју за денешното издание на весникот „Вечерњи новости“.

Тој нагласи дека не може да зборува за детали, искази или имиња, бидејќи секоја објавена информација ги вознемирува жртвите и нивните семејства, а сведоците кои не се под заштита ги доведува во опасност. Според него, во Косово и во Албанија се создава впечаток дека станува збор за српска пропаганда.

– Сакаме да завршиме објективна истрага и да им се суди на одговорните за овие монструозни злосторства, додаде српскиот обвинител, нагласувајќи дека сведоците се доверливи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски