Српскиот министер предложи да се урне училиштето во кое е извршен масакрот

Од:

Српскиот министер за економија Раде Баста предложи да се урне основното училиште во Белград каде што беше извршен масакрот минатата недела. Да потсетиме, минатата среда 13-годишно момче уби осум деца и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“, а рани уште шест деца и еден наставник по историја.

„Повикувам на единство на власта и опозицијата да се изгради спомен-парк за децата кои загинаа на местото на училиштето за да им остане вечен споменот. Сегашното училиште треба да се урне, а да се изгради ново училиште некаде во близина“, напиша Баста на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ