Српскиот епидемиолог Тиодоровиќ: Не треба да се потценува омикронот, особено сега кога е актуелен и грипот

Од:

Проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ, епидемиолог и член на кризниот штаб во Србија, рече дека не треба да се потценува омикронот, особено сега кога е актуелен вирусот на грип, кој заедно со него го прави флуронот, кој засега се уште претставува опасност пандемијата да продолжи.

„Омикрон не треба да се потценува, гледајќи ги податоците од утрово, имаме релативно мирна ситуација, но амбулантите на Ковид се уште се под притисок. Засега се уште е во тек првата фаза и тоа значи дека заболуваат претежно младите кои беа на прослави, но има и средовечни луѓе“, изјави тој за српската ТВ Прва.

Тој додава дека следната фаза се очекува наскоро, но оти смета дека можеби и веќе почнала. Таа се состои од заразувањето на стари и хронични пациенти. Тој истакна дека е загрижен за нив, затоа што може да доведе до почести фатални исходи, бидејќи нивниот имунитет е многу слаб.

„Можно е да трае и по февруари, да имаме ситуација цели семејства да се пријават во амбулантите“, рече тој.

Тиодоровиќ смета дека бројките од 14 и 18 илјади заразени во Србија може да се помножат со два кога станува збор за реалниот број на заболени, бидејќи според него, има многу луѓе кои се асимптоматски.

„Појавата на грипот може да ги искомплицира работите, таканаречениот флурон“, истакна Тиодоровиќ.

Тој додава дека лани немало појава на вирусот на грип од вакви размери, но дека годинава претставува опасност за сите генерации.

„Пикот може да се продолжи и февруари е месец кога има грип, не можеме да очекуваме да се смири ситуацијата до крајот на февруари“, рече тој.

Тој исто така наведува дека ги следи заклучоците на научниците кои ја проучуваат пандемијата и го потврдува нивниот впечаток дека короната ќе опстане.

Тој посочува дека за четвртата доза засега не се разговара, но дека сепак верува дека нема да биде крај на пандемијата до крајот на годината, бидејќи ситуацијата не е секаде иста, па заклучува дека нема причина за паника, но има причина да се биде претпазлив.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски