Марко Благојевиќ, амбасадорот на Србија во Виена, вели дека очекува полицијата во Австрија да информира за идентитетот на жените од видеото. „Српската дијаспора е тука во голем број, ги следи вестите од Србија и беше важно да се информираат за оваа снимка и дека постои можност Данка да е во Австрија. Сега медиумите во Австрија почнаа да ја објавуваат оваа вест. Сите се однесуваат солидарно и коректно“, вели амбасадорот Благојевиќ.
Тој посочува дека секојдневно е во контакт со австриската полиција и дека сите работат на пронаоѓање на малата Данка.
„Сите работат многу напорно на овој случај. Истата вест се појави и во австриските дневни весници и е многу важна. Важно е сега сите да се однесуваме одговорно и јавноста да не ги злоупотребува телефонските броеви што ни ги оставиле. Ако некој се посомнева во нешто, нека се обрати до австриската или српската полиција, а ако не може да се контактира, тогаш да се обрати до амбасадата во Австрија“, вели амбасадорот.