Српски Курир открива: Познато е каде вчера тргнала мајката на убиецот од Врачар и нејзината малолетна ќерка

Од:

Мајката и сестрата на момчето од „Владислав Рибникар“, кое уби десет негови другари и училишниот чувар, а повреди шест лица, вчера попладне се обиделе да ја напуштат Србија за да заминат на неколкудневен одмор, дознава српски Курир.

Имено, жената се обидела да ја напушти државата преку граничниот премин Прохор Пчињски и таму била спречена. Сепак заминувањето од земјава го пријавила во Центарот за социјална работа.

-Поради препорака на терапевтот кој разговарал со сестрата на момчето, нивната мајка решила да ја однесе на пат, за да се обиде да и олесни – вели извор на Курир од истрагата.

Според него, жената е на одмор до понатамошно известување, а најпрвин не сакала да ја напушти државата поради ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство, но се одлучила на овој потег поради нејзината ќерка.

– Против мајката е во тек преткривична постапка и се испитува дали е одговорна за запуштање и малтретирање на малолетно дете, но не и е забрането да ја напушта државата, ниту и е одземен пасошот – вели изворот.

Таа е предупредена дека мора да биде достапна на судските органи, но не и е забрането да ја напушта државата.

За потсетување, на семејството на момчето им е блокиран и имотот, кој поради тоа не може да го продаде или да го стави под хипотека.

– Бидејќи мајката на момчето не одговара кривично за делото што го сторил нејзиниот син, оштетените родители преку своите адвокати решиле против неа да поднесат граѓанска тужба во вид на нематеријална штета, за душевна болка и смрт на дете, а еден од обвинетите изјавил во својот предлог и дека мајката одговара за штетата што нејзиниот син им ја направил на тие лица и дека тој е одговорното лице за него. Затоа во барањето се бара и да и се изрече привремена мерка конфискација на имотот што е во нејзина сопственост – вели изворот на Курир и објаснува дека мајката на момчето може да го користи нејзиниот имот, но не може да го продаде ниту да земе кредит под хипотека се додека е оваа привремена мерка е на сила.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата