Србинот Саша Маријановиќ кого хрватската полиција го уапси поради кражба на автомобили во Нов Загреб, денеска извел спектакуларен обид за бегство од зградата на жупанискиот суд, во самиот центар на градот.
Тој кога се појавил во судницата извадил спреј со солзавец и со него го испрскал полицаецот, пред видно запрепастениот судија и на своите адвокати почнал да им вика „имам бомба, ќе ја фрлам“.
Потоа се стрчал кон прозорецот, но не успеал да го отвори од надворешна страна по што го скршил и се провлекол низ него. Од тука скокнал на улицата, при што му паднале чевлите, со оглед дека полицијата му ги одзела врвците. Се затрчал кон железничката станица, но набрзо го фатила полицијата и повторно го вратила во судот.
[nggallery id=78]