За да ги ублажи последиците од зголемувањето на цената на горивата, српската влада, најавува промени во акцизната политика.
На некои категории возачи ќе им се враќаат акцизите. Од цената на литар гориво, државата добива нешто помалку од 50 проценти.
Министерот за финансии Млаѓан Динкиќ рече дека ќе има враќање на акцизата за таксистите, градските превозници и возачите на камиони.