Српската влада им препорача на своите државјани да го одложат доаѓањето во Србија

Од:

Српската влада им препорача на своите државјаните кои престојуваат во странство да ги одложат сите патувања за Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за надворешни работи соопшти дека препораката на владата ја „дистрибуирала на сите достапни начини, преку дипломатско-конзуларните претставништва, Српската православна црква, гласилата во дијаспората“.

Во соопштението се вели дека „по воведувањето на рестриктивни мерки во многу земји, голем број српски државјани се затечени на одредени дестинации без можност за продолжување на планираното патување во Србија“, додавајќи дека станува збор за граѓани кои во странските држави се затечени на службени и туристички патувања, на третман на малигни и други сериозни заболувања, студенти.

Министерството посочува дека „сите дипломатски мисии и конзуларните претставништва вложуваат максимални напори да ги решат проблемите на граѓаните и да го организираат нивното враќање доколку тоа е потребно“ и „повторно апелира до сите граѓани да не тргнуваат на пат доколку имаат можност да останат во странска земја“.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда