Српската влада дозволи извоз на брашно

Од:

Владата на Србија денеска одлучи да дозволи извоз на брашно бидејќи е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар, јави Бета.

Извозот на брашно е овозможен со изменување и дополнување на Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која се воведени квантитативни ограничувања на извозот на месечно ниво за одредени земјоделско-прехранбени производи.

„Понудата на брашно и пченица на домашниот пазар е добра и слободниот извоз на брашно не може да ја загрози понудата на домашниот пазар, а овозможува растоварување на силосите за прием на новата жетва, како и зачувување на традиционалните пазари, со оглед на тоа. дека Србија е традиционален извозник на брашно на пазарите во земјите од регионот“, се наведува во соопштението по седницата на српската Влада.

Се посочува дека слободниот извоз на брашно ќе има повеќекратно позитивно економско влијание на домашниот пазар, ќе доведе до поголемо вработување во домашните преработувачки капацитети и ќе им овозможи на мелниците да обезбедат пари за откуп на новата реколта.

Извозот на пченица и брашно од Србија, како и на пченка и масло, беше забранет на 10 март годинава со цел да се обезбеди снабдување на пазарите за време на кризата предизвикана од војната во Украина, а на 20 април беа одобрени квоти за извозот на тие стоки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор