Српската полиција собрала докази дека Вучиќ бил нелегално прислушуван

Од:

По налог на Обвинителството за организиран криминал, работната група на Министерството за внатрешни работи сослушала голем број луѓе и собрала докази што укажуваат на тоа дека претседателот Александар Вучиќ и членовите на неговото семејство биле незаконски прислушувани, соопштија од полицијата.

-Во согласност со член 27 став 2 од Законот за организација и надлежности на државните органи во сузбивање на организиран криминал, тероризам и корупција, соопштуваме дека известувањата добиени од лица осомничени дека се поврзани со случајот со прислушувањето на претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, доставени се на понатамшна надлежност до Обвинителството за организиран криминал, се наведува во соопштението на МВР.

Се додава дека Работната група на Министерството за внатрешни работи продолжува да работи по барање на Обвинителството за организиран криминал.

Министерот за внатрешни рабори Александар Вулин изјави дека детално го информирал претседателот Вучиќ за резултатите од досегашната предистражна постапка.

Пред две недели, Вучиќ објави дека има докази дека бил прислушуван година и пол, дека станува збор за директен обид за државен удар и дека во прислушувањето „несомнено е дека учествувал и странски фактор“ , додавајќи дека не ги обвинува странците, „кога пред се се замешани наши“.

-Ова дојде до мене, бидејќи имаше чесни полицајци кои ми го донесоа, кажа Вучиќ, кој додаде дека му биле доставени дискови на кои биле снимени неговите прислушувани разговори.

Би можело да ве интересира

Мандатар за новата Влада на Србија е Ѓуро Мацут

Горан Наумовски

Вучиќ: Доколку стапат на сила санкциите против НИС, ќе го чекаме одговорот на Русија и потоа ќе реагираме

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Вучиќ: Изложени сме на терор, Шарената револуција се подготвуваше со години

Вучиќ: Им стоиме на располагање на нашите браќа Македонци, подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе

Горан Наумовски

Вучиќ изрази сочуство до Силјановска – Давкова: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови