Српската полиција почна со апсење екс министри

Од:

На поранешниот министер за животна средина и просторно планирање, Оливер Дулиќ полицијата во Суботица му предаде барање за приведување поради сомневање дека ја злоупотребил службената положба.

При обидот за апсење, тој се повикал на пратеничкиот имунитет за да може да одржи во српското собрание конференција за новинарите после која имал намера да се јави во полицијата.

Обвинителот поради тоа одлучил под итно да упати барање за одземање на неговиот пратенички имунитет, но тоа може да се случи дури во понеделник кога е првиот работен ден.

Според Дулиќ, полицијата веќе го уапсила Небојша Јаниќ, помошникот министер и Зоран Дробњак, директор на ЈП „Путеви Србије“.

„Немам што да кријам и евдај чекам разговор со државните органи.Очигледно се работи за политички прогон со оглед дека два месеци сум сатанизиран од два таблоидни медиумисо цел да се подготви терен за моето апсење“, рече Дулиќ за српски Блиц.

Полицијата се сомнева дека Дулиќ ја злоупотребил положбата во случајот со изградбата на оптички кабли за интернет со словенечката фирма „Нуба Инвест“.

Дулиќ од друга страна има намера на полицијата да и ја предаде документацијата која ќе покажела дека во 2010. година барал да се спроведе истрага и дека тогаш обвинителството утврдило дека нема основа дека ја злооупотребил положбата.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје