Српската опозиција бара информации за сите уапсени, назначување нов кризен штаб и објективност на РТС

Од:

Опозицијата обединета во Сојуз за Србија (СзС) инсистира на итно исполнување на барањата кои ќе обезбедат заштита на здравјето и достоинството на граѓаните, меѓу кои е итно ослободување на неоправдано уапсените граѓани за време на протестите, соопшти денеска Сојузот.

СзС побара информации за сите уапсени за да можат да добијат соодветна правна заштита, како и информации за состојбата на сите повредени.

– Бараме итно назначување на нов, деполитизиран кризен штаб (за борба против епидемијата на коронавирусот), на кој луѓето ќе му веруваат. Овој Кризен штаб ја изгуби довербата поради тоа што неговите одлуки беа диригирани од страна на Александар Вучиќ, а многу од неговите членови мора да кривично да одговараат, соопшти СзС.

СЗС го повтори барањето за утврдување одговорност на полициските функционери, раководителите на жандармеријата и други безбедносни служби „кои употребија брутална сила против граѓаните кои го искажаа својот револт поради незадоволството од ситуацијата во земјата“.

Опозицијата го повика јавниот медиумски сервис РТС да известува „за барањата и протестите на граѓаните објективно, вистинито и навремено“.

– Веќе петти ден граѓаните протестираат, барајќи да не бидат понижувани со режимските лаги и ограничувањата на основните граѓански слободи. Злоупотребата на епидемијата е капка што ја прелеа чашата. Ние, како и досега, и денеска ќе бидеме со граѓаните и ќе инсистираме на исполнување на овие барања, наведува Сојуз за Србија.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Активисти ја пресретнаа и се расправаат со Ана Брнабиќ

А1он

Генералниот штрајк во Србија како форма на граѓанска непослушност, одговорија многу општествени групи

ВИДЕО: Србија во генерален штрајк на кој повикаа студентите

Катерина Ѓуровски

Започна осмиот по ред протест „Србија против насилството“

ВИДЕО: Српската опозиција призна дека објавувале и лажни фотографии со поголема посетеност