Српската Агенција за борба против корупцијата поднела во Обвинителството кривична пријава против поранешниот министер за одбрана Драган Шутановац поради непријавен стан во центарот на Белград.
Агенцијата утврдила дека Шутановац не пријавил дека тој и неговата сопруга добиле дел од стан, со што е нарушен членот 72 на законот за Агенцијата.
Шутановац изјави за „Блиц“ дека пред неколку месеци во полицијата дал изјава во улога на граѓанин и го негираше обвинението.