Српските пратеници Дубравка Филиповски и Дејан Рајчиќ побараа имунитет поради злоупотреба на службената должност. Иако тие го негираат тоа, „Блиц“ поседува документи од судови што се испратени во Собранието, за имунитетот да се стави на дневен ред.
Весникот дознава дека дописите на надлежните судови во врска со имунитетот на пратениците се држат во тајност во Собранието. Кривичниот суд во Белград поднесе пријава за Дубравка, во која се наведува дека направила сообраќаен прекршок. Дубравка тврди дека судот направил забуна. Таа за весникот признава дека поминала на црвено, но негира дека побарала имунитет.
Пратеникот Дејан Рајчиќ, пак, тврди дека „ни на крај памет“ не му паѓа да бара имунитет. Основниот суд во Ниш го товари дека во 2006 година, кога бил заменик-градоначалник на Ниш, поништил тендер и „во четири очи“ склучил дпговор за изградба на колектор.