Припадници на МВР по наредба на Вишото јавно обвинителство Белград ги уапсија Ј.М.(19) и 17-годишник поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.
Полицијата во Кумодраж го запрела автомобилот на пријавениот и по прегледот на возилото пронашла и запленила околу 8,5 килограми марихуана.
На осомничената Ј.М., и е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде спроведена во надлежното обвинителство.
Тинејџерката (19) која е осомничена дека превезувала дрога за препродажба, која ја подигнала на Копаоник, е средношколка и повремено држи часови по тенис. Нејзиниот партнер со кој живее е ММА тренер.
17-годишникот е спроведен во Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство во Белград.