Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Од:

Нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, во која ќе учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Куртиќе се одржи денеска во Брисел.

Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, а во дијалогот ќе учествува и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

„Учеството го потврдија премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Високиот претставник и специјалниот пратеник Мирослав Лајчак ќе имаат одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заедничка трипартитна средба“, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Во соопштението се додава дека средбата ќе биде за оценување на постигнатото во дијалогот под водство на високиот претставник. По средбата се очекува Борел да им се обрати на медиумите.

Одржувањето нова рунда дијалог беше договорено за време на посетите на Лајчак на Косово и Србија минатата недела.

Во пресрет на новата рунда дијалог во Брисел, Борел изјави дека „вложува напори дијалогот меѓу Србија и Косово да се доведе до оперативно решение“ за имплементација на Охридскиот договор.

Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа во Брисел на 14 септември 2023 година.

Би можело да ве интересира

Нема да се занимаваме со глупостите на Вучиќ, исполнете ги барањата на студентите, реакција на српската опозиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вучиќ побара на референдум да се гласа за можноста за негова смена

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

Вучиќ: Не е новост дека Новак Ѓоковиќ и Жељко Обрадовиќ се против нас, знам што мислат за мене

А1он

Вучиќ: До 31 март граѓаните на Србија ќе ја видат најжестоката борба против корупцијата во последните 24 години

Горан Наумовски

Вучиќ им порача на младите: Нека не ве плашат – вие изберете каква ќе биде иднината

А1он