Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го прими бугарскиот колега Румен Радев во Берлин на вториот ден од неговата посета на Германија.
Двајцата ќе одржат разговори лице в лице пред претседателот Радев да се сретне со федералниот канцелар Олаф Шолц подоцна во текот на денот.
Се очекува разговорите да бидат фокусирани на билатералните односи, продлабочувањето на економската и инвестициската соработка, темите на агендата на Европската унија, диверзификацијата на снабдувањето со енергија и зајакнувањето на безбедноста на Европа во контекст на војната во Украина и европската перспектива на Западен Балкан.
Извор: МИА