Средба на Ципрас со австрискиот канцелар

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска го информираше австрискиот канцелар Вернер Фејман за планот на грчката Влада за „укинување на привремениот ќорсокак“ каков што беше поднесен до партнерите на земјата.

Ципрас изјави дека овој план воопшто нема да биде на товар на европските даночни обврзници. Тој исто така истакна дека е оптимист во врска со постигнување договор со партнерите.

– Во интерес на сите е да се постигне заемно корисен договор, рече грчкиот премиер.

Австрискиот канцелар претходно изјави дека дека ќе се докаже оти оние кои се обложуваат на неуспехот на Грција, нема да бидат во право. Коментирајќи го овој став, Ципрас рече дека „тие си играат со оган и ризикот од зајакнување на екстремната десница во Европа“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит