Средба Ципрас-Меркел во Берлин

Од:

Ние сме во многу тежок период кој ја става пред тест нашата способност да се справиме со предизвиците – економијата, безбедноста и миграцијаа, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по денешната средба во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Мора да има доверба, соработка и почитување меѓу партнерите. Нашата заедничка цел е надминување на кризите и нова визија за Европа. Нашата заедничка закана е подемот на екстремната десница во Европа, рече Ципрас и додаде дека Грција нема да дозволи да се доведува во прашање нејзиниот суверенитет.

Меркел, пак, истакна дека Грција е исклучително оптоварена и оти Германија поддржува фер распределба на бегалците во ЕУ.

– Не можеме да ја напуштиме Грција, рече Меркел, додавајќи дека двете земји имаат тесна соработка во врска со прашањето на договорот меѓу ЕУ и Турција.

– Активирањето на НАТО во Егејското Море е добра мерка која може да се справи со шверцот на луѓе, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица