Средба Ципрас – Аврамопулос во Атина

Од:

Грција има потреба од долгорочна „национална стратегија“ со цел да се справи со приливот на мигранти без документи од Средниот Исток, Африка и Азија, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по денешната средба со европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.

– Европската унија треба да покаже повеќе солидарност кон луѓето кои бегаат од воените зони, рече Ципрас и додаде дека исто така треба да има повеќе поддршка за земјите на надворешните граници на Европа, како што е Грција, во кои влегуваат повеќето мигранти.

Европската комисија е свесна за потребата од подобрување на сегашните прописи со кои илегални мигранти се враќаат и документираат од страна на државата на ЕУ во која влегле прво, рече Аврамопулос.

– Во моментов е широко прифатено дека нешто мора да се промени, рече еврокомесарот и додаде дека за таа цел ќе биде поднесен сеопфатен предлог.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица