Србин силувал деветгодишна братучетка, ќерка на неговиот вујко

Од:

Српската полиција го уапси Л.С. (23), од селото Липовац, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело обљуба на дете.

Како што се наведува во соопштението, по приведувањето, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што кривичното гонење против него ќе продолжи во надлежното обвинителство.

Според досегашните сознанија Л.С. е уапсен бидејќи во последните година и пол неколку пати сексуално злоставувал и експлоатирал деветгодишно девојче, ќерка на неговиот вујко, која живее во куќата до осомничениот.

Семејството го открило овој невиден случај на силување и пријавило во полициската станица, по што по наредба на Основното обвинителство во Алексинац, Л.С. е уапсен и приведен.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Скопјанец пријавил дека двајца малолетници го силувале неговиот малолетен син

Горан Наумовски

Земјотресот ја погоди Србија

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Во Србија просечна плата во септември 735 евра, половина од вработените зеле помалку од 560 евра

Орце Костов

Србија се пласира на ЕУРО 24