Србин погоден со неколку куршуми во Париз, уште четворица ранети

Од:

Според официјалните информации четири државјани на Србија се повредени во терористичките напади, но не се животно загрозени. Тие седеле во еден од рестораните кои беа нападнати.

Но, според неофицијални податоци, српски Курир јавува за тешко повреден државјанин на Србија, Аца Павловиќ, погоден со неколку куршуми и пренесен во болница во тешка состојба.

nestali-srbi-aca-pavlovic-1447536507-784523

– Тој е изрешетан во близина на стадионот. Меѓутоа, за сопругата засега нема никакви вести. Таа исчезна и никој ништо не знае, рече соговорникот на Курир од Париз.

Медиумот ги замолува сите кои знаат нешто за Лилјана Атанасковиќ Павловиќ да и јавата на редакцијата на Курир или надлежните власти во Париз.

Во нападите погина и еден државјанин на Франција, со потекло од Хрватска. Од концертната сала успеале да избегаат десет српски државјани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси