Србија: Уште едно лице почина од вирусот „Западен Нил“

Од:

Уште една жена почина во Одделението за инфективни болести при Клиничкиот центар во Србија од вирусот „Западен Нил“.

Засега се знае дека двете жени кои починаа од овој вирус имаат над 60 години.

Олга Дуловиќ од Клиниката за инфективни болести, за „Блиц“ изјави дека втората жена починала многу брзо по примањето во болница, поради воспаление на мозокот предизвикано од овој вирус. Според неа, жената не била хронично болна, но имала други здравствени компликации. Сепак официјалните информации ќе се знаат по лабораториските испитувања што тимот во болницата ги прави.

На клиниката се примени повеќе од 20 сериозно болни пациенти, од кои кај 5, веќе е потврден „Западен Нил“, а за останатите се уште се чекаат резултатите.

Досега овој вирус е потврден кај 37 луѓе.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски