Србија: Со дијалог до праведно решение

Од:

Владата на Србија, по денешната седница соопшти дека дијалогот во Брисел треба да продолжи без притисок, за да се пронајде праведно решение, кое ќе го осигура животот на Србите, во јужната покраина и за да на Србија и се отворат европските перспективи.

Во соопштението на власта е наведено дека извештајот на нова рунда на разговор во Брисел го поднел потпретседателот на владата, Александар Вучиќ и дека на седницата е заклучено дека интерес на Србија е да се постигне решение.

-Владата на Србија е со ставот да продолжи дијалогот помеѓу Белград и Приштина и во конструктивна атмосфера, без притисок да се пронајде решение кое ќе гарантира сигурен живот на Србите на јужната покарина и ќе отвори нови европски перспективи за Србија – стои во владиното соопштение.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Снег во Србија, блокирани камиони на Златибор

Масовни покани за воени вежби во Србија : Кој не сака, следува казна

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

Нов протест „Србија против насилството“, прв пат говореа пратеници од опозицијата

А1он

ВИДЕО: Инцидент во емисија во живо во Србија, навреди и поливање со вода

Предраг Петровиќ

Во Србија одземена лиценцата на iPay за издавање на електронски пари и платежни услуги