Србија: Признавањето на Косово е предуслов за во ЕУ

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Признавањето на Косово може да биде предуслов за европската перспектива на Србија, иако тоа се уште официјално не е споменато, изјави шефицата на Одборот на надворешни работи во парламентот на Франција, Елизабет Гигу.

Гигу тоа го изјави по состанокт со заменик-претседателот на српската влада, Сузана Грубјешиќ, која денес ќе зборува на седницата на Комитетот за надворешни работи во парламентот на Франција за европските интеграции на Србија.

-Франција и дава поддршка на Србија во напорите за добивање на датумот за преговори во јуни, да започнат преговорите со ЕУ, изјави Грубјешиќ по разговорот со францускиот министер за европски работи, Бернанр Казнев и советникот на претседателот Франсоа Оланд, Пол Жан Ортиз.

Таа истакна дека за тоа клучни се дијалогот со Приштина и успех во напредокот по тоа прашање.

Во разговорот во Париз, особно е нагласено дека Србија треба да продолжи и со внатрешните реформи, во борбата против корупција, реформите во правосудството и економијата- стои во соопштението на заменик-претседателот на Србија.

По Париз, Грубјешиќ заедно со првиот подпретседател на владата, Александар Вучевиќ ќе заминат во официјална посета на Германија.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина