Србија повторно воведува задолжителен воен рок

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес објави дека задолжителната воена служба од 75 дена ќе биде повторно воведена во декември оваа година или март следната година.

Конечната одлука за точниот датум ќе биде донесена наскоро, а зависи од брзината на подготовките за потребната инфраструктура, пишува nova.rs.

Вучиќ им објасни на новинарите дека сè уште размислува дали воената служба официјално ќе започне во декември или март 2027 година.

„Ќе донесеме одлука во следните еден или два месеци и ќе ја испратиме до српскиот парламент, а во септември или октомври ќе започне регистрацијата на воените обврзници“, нагласи тој. На прашањето зошто точниот датум сè уште не е утврден, тој одговори дека сè зависи од напредокот на подготовките.

„Мораме да ги подготвиме сите објекти. Имаме доволно пушки и чизми, но има некои работи што сè уште не се целосно подготвени“, рече тој. Додаде дека центрите за регрутирање мора да се реновираат, а клиниките и другата инфраструктура мора да се модернизираат и уредат.

„Ова се важни прашања бидејќи сакаме да бидеме подготвени да го пречекаме ова за да можат овие млади луѓе да ја поминат својата воена служба во најдобри услови. Да ја стекнат потребната одговорност и сериозност, како и став кон патриотизмот“, рече Вучиќ.

Задолжителната воена служба во Србија беше укината на крајот на 2010 година, а одлуката стапи на сила на 1 јануари 2011 година, кога државата се одлучи за доброволна служба и професионална армија. Вучиќ го потпиша договорот за повторно воведување на задолжителна воена служба од 75 дена на 14 септември 2024 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините