Србија: Од Западен Нил заболени 14 пациенти

Од:

Од вирусот  Западен Нил во Србија досега се замолени 14 пациенти и нивната дијагноза лабораториски е потврдена, три лица се водат како „веројатно заболени“, а еден пациент почина.

Вирусот Западен Нил е вирусно заболување кое го пренесуваат комарците и повеќето заразени немаат никакви симптоми или знаци на болест, потсетува Танјуг.

Кај мал процент заразени лица, се јавуваат симптоми слични на грип, со нагло зголемување на телесната температура, главоболка и болки во грлото. Кај одредени лица може да дојде до настанување на асептичен менингитис и енцифалитис.

Заводот за биоциди потврди дека заразени комарци има во Белград, Нови Сад, Панчево, Шабац, Смедерево и Пожаревац.

Грозницата на западен Нил првпат во Србија е регистрирана во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ