Србија очекува позитивен резултат од Брисел

Од:

Потпретседателот на српската Влада и министер за одбрана Александар Вучиќ изјави дека Србија очекува позитивен резултат од Европскиот Совет во Брисел, поради напредокот во разговорите со Косово и исполнување на реформите.

– Очекувам многу позитивен извештај за Србија. Спроведени се внатрешните реформи во овој период, како и дијалогот со косовските институции. Ние тоа што го рековме го сторивме. До понеделник ќе ги имаме и контејнерите на административните премини и ќе се почне со спроведување на договорот за интегрирано граничен надгледување, изјави Вучиќ на вчерашната средба со новинарите во Вашингтон.

Една од целите на посетата на Вучиќ на Вашингтон е и лобирањето за отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Српските медиуми најавуваат дека очекуван исход од Европскиот Совет за Србија е датумот за отворање на преговорите да биде утврден во летото 2013 година.

Вучиќ во Вашингтон се сретна со американскиот секретар за одбрана Леон Панета, од кого рече дека побарал да нема намалување на воените сили КФОР на Косово и задржување на 780-те американски војници таму, како и продолжување на американската воена помош за Србија.

Српскиот вицепремиер во Вашингтон ги претстави и активностите за борба против корупцијата и апсење на високи функционери, како и економските реформи како регулаторната гилотина и привлекувањето на странските инвеститори.

За односите со Македонија, Вучиќ кажа дека се добри и искрени, без конкретно да коментира за отворените прашања, како што е признавањето на Македонската православна црква.

– Имаме добри односи со Македонија и сакаме тие односи да ги унапредуваме и да бидат, ако е тоа можно, уште поискрени и поотворени. Нема причина зошто да немаме такви односи, тоа е во интерес и на Србија и на Македонија. Ние сакаме добри односи во регионот и тоа не го кажуваме како фарсична синтагма, туку како нешто што е во наш интерес, и во интерес и на Македонија. Македонија во Србија има пријател и тоа сме го докажале, истакна Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје