Србија обезбеди доволни количини на нафта и нафтни деривати, нема индиции за покренување кризен план

Од:

Во Србија нафтата доаѓа од Блискиот Исток, од Ирак, а тој правец не е загрозен од конфликтите во Украина, имаме наши резерви на нафта и нафтени деривати и нема индикатор за покрененување на кризен план. Проблемите предизвикани од кризата во Украина не влијаат на енергетскиот пазар во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти срспкото министерство за рударство и енергетика, кога станува збор за снабдувањето со гас, пазарот во Србија е целосно сигурен поради договорот што постои со Гаспром и непостои стравување дека добавувачите со нафта ќе престанат да снабдуваат.

-За два месеци имаме дизел и бензин, за пет до шест месеци имаме мазут, а за околу 4 месеци керозин, под услов да се оневозможи снабдувањето, што сега не е случај. Има кризни планови кога се работи за снабдување со нафта и гас, а ние сме далеку од активирање на тие планови, бидејќи нема показател дека влегуваме во кризна состојба. Денеска се одржа седница на Работната група за следење на безбедноста на енергетиката и енергетското снабдување, при што беше речено дека белградските електрани и топлани на Србија функционираат без проблеми. Имаат доволно енергија и испораката на топлинска енергија се одвива без проблем, изјави за РТС Петар Станојевиќ, специјален советник на вицепремиерката и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ.

Тој кажа дека расте производството на струја, поради што увозот на дополнителни количини е значително намален во однос на пред еден месец и додаде дека проблемите предизвикани од кризата во Украина не влијаат на енергетскиот пазар во Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Студентите кои сакаат да учат се собраа пред српското Претседателството: Остануваат цела ноќ

(ВИДЕО) Тепачка пред белградското собрание: Приватно обезбедување се пресмета со граѓаните кои протестираа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозиционерите пееја химна, пратениците на власта гласаа без дискусија во белградското собрание

Катерина Ѓуровски

Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание

Дојава за поставена бомба во српското Собрание

Горан Наумовски