Србија не може во ЕУ, како Кипар

Од:

Претседателот на одборот во германскиот парламент за европски прашања, Гинтер Кирхбаум изјави дека ЕУ нема да толелира уште еден Кипар и дека тешките прашања мора да бидат решени пред Србија да се придружи во ЕУ.

Кирхбаум изјави дека во Германија се знае колку време е потревно за помирување со соседите и тоа понекогаш е болен процес за целото општество.

Тој истакна дека Србија не мора да спроведува реформи поради ЕУ, туку поради својот народ.

Стабилниот политички систем, владеењето на законот и борбата против корупција и организираниот криминал се многу важни за инвеститорите. Напредувањето во овие полиња, на Србија ќе и се помогне да отвори нови работни места. Тоа е во нивните раце – изјави тој.

Дали Србија кон почетокот на јули ќе добие датум за почеток на преговорите во ЕУ, според него зависи од тоа дали ги исполнува условите дефинирани во 2011 година, особено во врска со Косово.
-Затоа се ослонуваме на оценката на Европската комисија, која на 16-ти април ќе објави извештај за тоа дали постои видливо и одржило подобрување во односите со Косово, изјави Кирхбаум.

Би можело да ве интересира

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Уапсен е маж осомничен дека е вмешан во убиството на полицаецот во Лозница

Горан Наумовски

Артан Хајзири тврди дека е во Германија и дека не е вмешан во убиството на српскиот полицаец

Горан Наумовски

Потрага во Србија: Артан Хајзири од Косово пукаше во двајца полицајци во Лозница

Горан Наумовски

Шолц итно патува во Србија, ќе потпише договор со Вучиќ тврди Политико