Србија ќе го гради „Јужен поток“ независно од одлуката на Бугарија

Од:

Рускиот гигант „Газпром“ денеска најави дека изградбата на гасоводот „Јужен поток“ во Србија ќе започне во октомври, независно од одлуката на Бугарија, каде реализацијата на проектот во моментов е запрена додека тој не се усогласи со правилата на ЕУ.

Одобрението за изградбата на српската траса од гасоводот ќе биде издадено до крајот на септември, по што од следниот месец ќе отпочне изградбата, рече заменик-директорот на „Газпром“, Алексaндар Сиромјатин, кој престојува во Будимпешта каде учествува на Конференција за можноситте за искористување на природниот гас во реонот на Дунавскиот Басен.

Запрашан дали е можна промена во маршрута на „Јужен поток“, Сиромјатин нагласи дека засега само се разгледуваат можности за промени во трасата на гасоводот со цел кон него да се приклучи и Хрватска, како и да се овозможи снабување со гас на Македонија преку Србија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он