Србија планира да ги продолжи преговорите за пристапување кон Европската унија, но нема да воведува санкции против Русија, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за рускиот тв канал “Русија 1“.
– Кога одлучивме да водиме преговори со ЕУ, не говоревме за воведување санкции против Русија, рече Николиќ.
Српскиот претседател истакна дека српското општество не е поделено на два табора – земјата сака да одржува добри односи и со Русија и со ЕУ.
– Европа сака уште посилно да бара од Србија да воведе санкции против Русија. И можно е ваков обид да биде преземен во најскоро време, бидејќи Европа инсистира на тој дел од договорот за пристапување во ЕУ, во кој се говори за заедничката надворешна политика, рече Николиќ.
Тој оцени дека ЕУ нема заедничка надворешна политика по ниту едно прашање и затоа одбивањето за воведување санкции кон Русија, не е повод Србија да не биде примена во ЕУ.