Србија ќе ги чешла спорните приватизации

Од:

Александар Вучиќ, првиот српски вицепремиер и воедно министер за одбрана , најави дека поголемиот дел од спорните приватизации, за кој веќе десетина години, само се говори, ќе биде преразгледан до крајот на годинава.

Кон политичарите кои се огршиле од законот ќе се постапува на истиот начин како и кон секој друг, бидејќи и тие се обични граѓани, вели Вучиќ, во интервју за „Курир“.

„Ќе ги преразгледаме сите спорни приватизации, не само оние 24, кои се наведени во извештајот на ЕУ, туку и другите случаи за кои знаеме. Ја почитуваме Европа, но тоа го правимепоради нас. До крајот на годинава ќе завршиме со поголемиот дел од случаите“, вели Вучиќ.

Тој рече дека знае кои се тие приватизации и дека буквално половина од претходната влада учествувале во ова.

Запрашан дали на списокот за апсење се наоѓа и поранешниот премиер Мирко Цветковиќ, Вучиќ одговори дека не станува прашање за список, туку за дела и дека обвинителите знаат кој во што е вмешан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието